Рано утринава силна експлозија одекнала во близина на американската амбасада во Ријад, при што бил забележан и пламен во објектот, изјавија три извори запознаени со случајот. Еден од нив посочил дека пожарот бил од помал обем.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најавил брз одговор по нападот со дронови врз амбасадата, при кој е предизвикана материјална штета. Според информации на Reuters, во инцидентот нема повредени лица, бидејќи зградата во моментот била празна.
Нападот се случил во време на засилени тензии на Блискиот Исток и континуирани ракетни и дрон-напади поврзани со конфликтот во регионот. Агенцијата наведува дека дел од околностите поврзани со инцидентот сè уште не можат целосно да се потврдат.
Според двајца извори, отсуството на персонал во објектот во моментот на нападот спречило евентуални човечки жртви.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












