• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција

23/02/2022
A A
Акција на повеќелокации низ земјава – приведени 10 лица за шверц на дрога од Албанија кон Турција

Полицијата вчера уапси 10 лица и заплени се околу 40 килограми марихуана со вредност над 200.000 евра. Со ова, соопштија денеска од МВР, е сузбиена меѓународна криминална група во која покрај наши државјани, учествувале и албански и косовски државјани, кои биле инволвирани во недозволена трговија и продажба на наркотични дроги, така што организирале транспорт на марихуана од Албанија преку Косово во нашата држава, со цел понатамошен транспорт за Турција.

Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 10 лица.

– По преземени мерки и активности, во вечерните часови, на локалниот пат за село Сопиште од страна на полициските службеници биле запрени две патнички возила, и тоа „рено флуенс“, управувано од С.Ф.(36) и „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.(30), двајцата од село Никиштане. Првото возило имало задача да биде „чистач“, односно да известува за присуство на полициски патроли, а при извршениот преглед во багажникот од второто возило била пронајдена вреќа во која биле спакувани 27 пакувања со марихуана, појаснуваат во соопштението од МВР.

Истовремено, на крстосницата кај трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, од страна на полициски службеници од Интервентна полиција биле лишени од слобода М.Л.(49) од Ѓирокастро, Р.Албанија, Љ.Н.(59) од Скопје и И.Е.(41) од Тетово, кои се превезувале со патничко возило „пунто“, а координирано, во населбата Ѓорче Петров, бил лишен од слобода А.П.(57) од село Грчец.

Од страна на полициски службеници од оперативен тим Потраги заедно со Единицата за брзо распоредување биле извршени претреси на две локации во село Патишка Река. Притоа, од слобода биле лишени две лица, и тоа М.А.(19) од с.Патишка Река и К.К.(31) од Скопје.

За М.А., се наведува во соопштението, биле распишани три Централни потерници, по три судски наредби, веќе осуден на две години казна затвор и дополнителна мерка притвор, додека К.К. се барала по Централна потерница и судска наредба со определена мерка притвор, а при претресите биле пронајдени уште 26 пакувања марихуана.

Претреси биле извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во село Никиштани, кај С.Ф.(36), при што биле пронајдени машини за копање на биткоини, со кои се вршела кражба на електрична енергија, како и на подрачјата на Карпош и на Бит Пазар, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела.

На излез на Граничен премин Долно Блаце, од страна на гранична полиција при Регионален центар Север бил лишен од слобода и косовскиот државјанин Ф.Т.(32), при обид да побегне од државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка
Спорт

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп
Вести

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот
Вести

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија
Вести

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
Следна вест

ФОТО: Битолчанката со најдобар задник се соблече по гаќички

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.