Поради појава на магла, утринава е забележана намалена видливост од 50 до 100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информираат надлежните служби.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сепак, на одделни делници кои минуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
Според утринската информација на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата од македонска страна.












