Многу ветувања, но малкумина да ги слушнат. Конвенцијата на која скопската градоначалничка го презема кормилото во партијата Нова Алтернатива, ја следеа едвај стотина лица. Во првиот ред, веднаш покрај нејзините сопруг и син, седеше генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Сепак, таа најави дека уште вечерва е одлучено, партијата која е долгогодишен партнер на Социјалдемократите на избори, да излезе од коалицијата.
Арсовска ги негираше шпекулациите во некои медиуми дека всушност ја купила партијата и најави тужби. И таа и досегашниот в.д претседател, Сокол Ефтимовски, тврдат дека тие ја поканиле да застане на чело на Нова Алтернатива.
Новата претседателка најави дека оваа партија ќе учествува на претстојните избори, но не откри дали и со кого ќе коалицира. Како основни постулати ги наведе правдата, еднаквоста пред законите, политиката на рамни даноци, борбата против корупцијата. Ги афирмираше и своите ставови против Преспанскиот договор и уставните измени.