• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јолевски: Многу се нервирам кога некој ќе каже дека му е досадно, а ме радува…

18/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Јолевски: Многу се нервирам кога некој ќе каже дека му е досадно, а ме радува…

Познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој е и универзитетски професор по актерска игра, има што да каже на 10 прашања:

  1. Три најсреќни моменти во животот?

– Среќата е состојба на умот и треперење на срцето. Го сакам тоа чувство и се обидувам да бидам колку што може подолго во таа состојба. Ако морам да бирам баш три…Запишувањето на Факултетот за драмска уметност во Скопје, раѓањето на кученцата на Леда (мојата Хаски миленица ) и летањето со параглајдер над Скопје на 1.700 метри, еден час и дваесет минути среќа.

  1. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

– Во принцип не се каам за нештата што ги правам. Многу грешам и понекогаш погодувам но постапките, правилни или неправилни се дел од мене и мојот начин на мислење и дејствување. Се обидувам да не повредувам луѓе со своите постапки, а ако се случило тоа било ненамерно и еве ја користам оваа прилика да кажам дека се каам и длабоко се извинувам.

  1. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

– Ги има повеќе но ќе ги издвојам Дејан Пројковски – режисер, кој во моментов царува на големите сцени и фестивали во регионов, Симон Трпчевски – пијанист, кој не претставува гордо како убавина и светлина во светот со децении и Калин Ивановски – тенисер, на кој му посакувам место меѓу првите десет на АТП.

  1. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

– Ме радува секое утро, добра проба, оригинална идеја. Многу се нервирам кога некој ќе каже дека му е досадно. Досадата ја сметам за заразна болест. Доцнење и губење туѓо време, бистрење политика пред гранапче.

  1. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

– Прашањево ме врати години наназад со конкретна емоција и енергија. Имам грч во стомакот кога се сеќавам на периодот на измачување ха ха ха ха. Математика во втора средно, социологија во четврта средно, марксизам во втора година на факултет. Уф, веднаш преоѓам на следно прашање.

  1. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

– Сметам дека сум добар на сцена…или можеби не ха ха ха , во кујна дефинитивно да, најомиленото место кога имам време. Уживам во комбинирање на производи, бои, мириси, вкусови кои резултираат како задоволство на мешето и сетилата на домашните и пријателите. Мислам дека сум добар во комуникација и поврзување на луѓе и  институции… Не ме бива за сликање, финансии, поправки по дома…. и уште многу други работи.

  1. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

– Хераклеја Линкестис… близу Битола, местото кое како дете ме воодушевуваше и ми ја хранеше фантазијата, Охрид во сите сегменти, езерото… Варош… Свети Наум…Трпејца, Света Софија, Антички театар и Вирово, село на Плакенска планина, царството на валавиците, со прекрасни луѓе и питорескна природа… совршенство.

  1. Три најдобри книги, филмови и песни?

– Книги : „Пиреј“ од Петре Андреевски, „Браќа Карамазови“ од Фјодор Достоевски, “Мајстор и Маргарита“ од Михаил Булгаков;

Филмови: „Анатомија на падот“ режија Жастин Трие со феноменалната Сандра Хилер, „Андреј Рубљов“ во режија на Андреј Тарковски, „Паразит“ во режија на Бонг Јун-Хо.

Песни: „Анастасија“- псалм 13, Underworld – Born slippy, Einsturzende Neubauten -Silence

  1. Три омилени јадења?

– Уф. Ова е најтешкото прашање до сега. Кога морам да изберам од мноштвото јадења. Сепак на прво и неприкосновено место е сарма, имам дозвола да ја правам и јадам еднаш годишно – за Нова Година, крцкаво пилешко во слатко кисел сос и дефинитивно суши во сите варијанти.

  1. Три совети кои ги давате на другите?

– Не сум човек што сака да дели совети. Од трите можности ќе изберам само еден кој најчесто си го давам себе си. Без разлика на се… продолжи да одиш.

 

Јолевски: Многу се нервирам кога некој ќе каже дека му е досадно, а ме радува…
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата лажеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи, наеднаш луксуз станаа брашното и храната за деца
Вести

На едно четиричлено семејство во Македонија му требаат околу 68.500 денари месечно за основни трошоци

20/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

17/07/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

16/07/2026
Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика
Вести

Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

14/07/2026
Следна вест
„Тамо зората греит душата“ пеел Константин Миладинов за македонските краишта

„Тамо зората греит душата“ пеел Константин Миладинов за македонските краишта

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.