Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва во Музејот на град Скопје ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“, насловен „Пеам – значи живеам“.
Концертот е закажан со почеток во 20:30 часот, а публиката ќе има можност да ужива во разновиден хорски репертоар исполнет со обработки на познати музички хитови од минатиот век, но и со современи македонски песни.
Со хорот ќе диригира Сузана Турунџиева, која ќе го предводи настапот на женскиот ансамбл.
Билетите за концертот се достапни преку платформата karti.com.mk, а организаторите ги покануваат љубителите на музиката да бидат дел од ова културно случување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












