Турските власти спроведоа голема антитерористичка операција низ целата земја, при што се уапсени 199 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ИСИС, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.
Акцијата била реализирана во 30 турски провинции, меѓу кои Истанбул и Анкара. Осомничените се товарат за различни активности поврзани со ИСИС, вклучително членување во организацијата, ширење пропагандни материјали преку социјалните мрежи и обезбедување финансиска поддршка преку посредници и организации претставени како хуманитарни.
Турските безбедносни служби продолжуваат со засилени активности против структури поврзани со ИСИС. Кон крајот на јуни, полицијата во јужниот дел на Анкара усмрти лице осомничено за поврзаност со организацијата по вооружен инцидент.
По тој настан, по наредба на обвинителството во Анкара, беа приведени уште 209 лица осомничени за врски со ИСИС или со други екстремистички групи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












