Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен истиот ден во 17:30 часот во СВР Скопје.
Според пријавата, девојката забележала непознат маж качен на скала кој ја набљудувал додека се пресоблекувала во гардеробата.
Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












