На стартот на денешната програма во Премиер лигата беше одиграно големото дерби меѓу Астон Вила и Арсенал.
Астон Вила успеа да слави со драматичен погодок во петтата минута од судиското продолжение. Стрелец на победничкиот гол беше Емилиано Буендиа, кој ги постави конечните 2:1 и донесе голема радост за домашната публика.
Домаќините поведоа во 36. минута преку Мети Кеш, но Арсенал израмни преку Тросард. Во самиот финиш, Буендиа ја завери победата на Вила.
Со триумфот, Астон Вила се искачи на второто место на табелата со 30 бодови. Арсенал останува лидер, но сега има само три бодови предност пред тимот од Бирмингем.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







