Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден солиден натпревар во Евролигата, придонесувајќи за победата на Баерн Минхен над Монако со 91:82 во рамките на 27. коло. Германскиот тим триумфираше на домашен терен во Минхен и ја запиша својата 12. победа сезонава.
Димитријевиќ на паркетот мина 15 минути, при што постигна 11 поени, а во статистиката додаде и два скока и три асистенции.
Во Белград, Партизан убедливо го совлада Панатинаикос со 78:62. „Црно-белите“ доминираа во текот на натпреварот и стигнаа до деветтата победа сезонава, додека грчкиот тим продолжува со променлива форма. Во редовите на гостите, Ти-Џеј Шортс беше најефикасен со 21 поен.
Во уште еден натпревар од колото, Дубаи на домашен терен славеше против Реал Мадрид со 93:85.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












