Берово бара да се вклучат и хеликоптери
Попладнево почна да гори и шума во атартите на делчевските села Разловци и Трботивиште и таму на терен се сите екипи. Првично беа зафатени два до три хектари шума.
Општина Берово пред половина час испрати барање за гаснење на пожарот од воздух, информираат за МИА од прес-службата на кабинетот на градоначалникот, Звонко Пекевски. Барањето е доставено до Центар за управување со кризи.
-Поради големиот настанат пожар на месноста меѓу селата Митрашинци и Будинарци, во која е зафатена голема површина од дабова и нискостеблеста шума бараме од Вас да ни излезте во пресрет на гаснењето на пожарот со воздушна поддршка-хеликоптери, стои во барањето потпишано од градоначалникот на Општина Берово.
Овој пожар е надвор од контрола поради ветерот, а зафатени се над 50 хектари шума. Градоначалникот претходно го повика населението на мобилизација и да придонесе во гаснењето на пожарот.