Додека УХМР најави дожд на пониските места во земјава, снег веќе од пред неколку часа врне на сите повисоки места во државава.
Едно од нив е и Попова Шапка каде снег се уште врне без престан, а тоа е видливо преку страницата „Skimacedonia.mk“.
Претходно на Инстаграм страницата „Кајак“ беше објавено видео од ски центарот каде снегот за многу кратко време оформи снежна покривка.
Слична е ситуацијата и во Маврово, но и сите повисоки врвови и планини во Македонија.