• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ГО СНЕМА, А СИТЕ ГО ЧЕКААТ: Може Спасовски сега има решение за хаосот со личните документи?

12/02/2024
Време за читање: 1 минути
A A
ГО СНЕМА, А СИТЕ ГО ЧЕКААТ: Може Спасовски сега има решение за хаосот со личните документи?

Дојде денот кога се виде дека уверувањата на власта како се тече по планот околу наметнатите промени на личните документи – се празни зборови. Голем хаос настанува од утре кога илјадници македонските граѓани кои немаат лични документи со новото име на државата ќе имат проблем во секојдневното живеење.

Оние кои немаат пасоши со омилениот збор на власта – „Северна“ не можат да излезат од земјата. Тоа е еден вид на државен притвор.

Оние пак, кои немаат стигнато поради огромниот хаос да променат возачка дозвола нема да смеат да седнат зад управувачот на возилото. И за ова им се кажува сега пред истекот на рокот.

На регистарските таблички задолжително морало да има го има фамозното и нејасно  „НМК“, а налепници уште ги нема. Невиден срам и неодговорност на надлежните.

Морало да се сменат и сообраќајните дозволи… ќе фрштеле казни…

Премногу компликации и тешкотии за голем дел од македонските граѓани. Премногу понижувања. И сето тоа при секојдневието во државата во која нема ден да нема некој скандал, насилство или други причини за вознемиреност.

Кој е виновен за сетиот овој хаос каков никогаш не се случил во некоја друга земја во светот?

Вината лесно ќе се најде. Таа е во државните органи и оние кои со нив раководеа и раководат. Преспанскиот договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година. Тој предвидуваше рок од пет години, до 12 февруари 2024 година за промена на личните документи на македонските граѓани. Но, од јануари 2019 па до август 2021 година нашата држава продолжи да издава лични документи со старото име на државата определувајќи им важност и по 2024 година.

Зошто тоа се правеше? Каде е сега, порано сеприсутниот, министер Оливер Спасовски ова да го објасни?

Зошто, откако во 2021 година почна издавањето на нови обрасци со новото име на државата не се преземаа поорганизирани акции за што побрзо менување на личните документи? Наместо тоа, се даваа изјави дека процесот ќе заврши до февруари, тоа и тоа и се кажувало дури и на грчката амбасадорка, дури и во јули минатата година кога бројот на  граѓани кои чекаа на промена изнесуваше околу 800.000 лица. Тогаш и најпроста математика кажуваше дека за да се исполни рокот до 12 февруари ќе треба секој ден по 3.900 граѓани да менуваат пасоши, а што беше невозможно. Но, тоа никого не го мобилизира.

-Недостатоци се случува, за жал, во Скопје, меѓутоа и тука имаме сериозен напредок, самата бројка на издадени над 1,25 милион патни исправи и над 1,1 милион лични карти и околу 550.000 возачки дозволи говори дека процесот се доведува до крај. И најважно од се е дека на 12 февруари не престанува издавањето документи, тие ќе можат и понатаму да се издаваат, изјавуваше доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на 24 јануари.

Знае Спасовски колку жители и колку македонски пасоши има издадено државата? Како мислеше дека „процесот се доведува до крај“? Зошто нема доволно обрасци? Зошто уште ги нема фамозните налепници?

И кога ќе се тргне така лефтерно нормално е дека лекот на хаосот не се најде. Претходниот премиер Димитар Ковачевски и шефот на државата Стево Пендаровски јавно се натегаа кој да се јави во Грција за да издејствува продолжување на рокот за замената. Но, никој не се јави, а Атина и покрај тоа одговори негативно. Сега треба да се бара внатрешно решение за граѓаните да не се дополнително малтретираат и понижуваат. Се бара ли решение и може ли да се најде?

Новиот, технички, министер за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа изјави дека „решение има и дека е многу едноставно“.

–Ако има политичка волја за еден ден ќе ги решат маките на луѓето. Имаме Предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, еве го спремен е готов е и еве го другиот. Овој дури сум го потпишал. Предлог на закон за изменување на закон безбедност на сообраќајот на патиштата. За еден ден решение има, само треба да сакаат да имаат политичка волја. И немојте да ја залажуваат јавноста дека ќе сме прекршеле договор, рече тој на ТВ Канал 5.

Што на ова ќе одговори Владата и техничкиот премиер Талат Џафери? Ќе се разгледа ли предлогот, ќе се види ли дали е можен за спроведување или не. Дали Владата ќе иницира нешто друго? Има ли новиот министер и други организациски адути во ракавот, нешто мора да направи?

Може, пак, сега Спасовски има решение? Што чека – нека го каже.

ГО СНЕМА, А СИТЕ ГО ЧЕКААТ: Може Спасовски сега има решение за хаосот со личните документи?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштете ги чешмите да течат за побрзо да се прочисти системот, побара Тошковски од гостиварци
Вести

Пуштете ги чешмите да течат за побрзо да се прочисти системот, побара Тошковски од гостиварци

04/08/2026
Марковски се врати во Битола по завршувањето на обврските во Србија
Вести

Марковски се врати во Битола по завршувањето на обврските во Србија

01/08/2026
Претседателката на Словенија пуштена на домашно лекување по сообраќајната несреќа
Вести

Претседателката на Словенија пуштена на домашно лекување по сообраќајната несреќа

01/08/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Струмичанец осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга

01/08/2026
Почна санацијата на коритото на реката Серава во Општина Бутел
Вести

Почна санацијата на коритото на реката Серава во Општина Бутел

31/07/2026
Улиците како тркачка патека: „Сејф сити“ евидентира рекордни прекршоци
Вести

Нови камери за сообраќаен надзор во Дебрца, следува и Охрид

30/07/2026
Следна вест
Браво за неуморното борење на Маричиќ да ни биде добро

Браво за неуморното борење на Маричиќ да ни биде добро

Најнови вести

Годинашната средна оценка на матура 3,25

Државниот испитен центар: Матурантите покажаа напредок, помалку поништени тестови

06/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Тетовската полиција санкционираше 50 моторџии, приведен возач без возачка дозвола

06/08/2026
Милевски ќе ја депонира оставката до Владата, наследникот ќе се знае до крајот на неделата

Онколошките пациенти повторно се без терапија, одговорност мора да има, реагираат од ЛДП

06/08/2026
Кривична пријава за 52-годишен стружанец по инцидент на илинденска прослава

Мицкоски: Нема план за зголемување на цената на струјата

06/08/2026
Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од Клиниката за онкологија тврдат дека онколошката терапија во најголем дел е обезбедена

06/08/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.