Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски издаде налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на сите оштетувања на коритото на река Серава.
-Ова е проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел, денес е реалност и во целост завршен. Затоа нема да дозволам неквалитетна изведба и согласно договор се ќе биде санирано. Изградивме речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема – објави Костовски.
Тој додаде дека е направен и парк на површина од 5000 метри квадратни со што целиот простор е оплеменет со зеленило за спорт и рекреација на овој кеј.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












