Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од Шенген зоната, откако голем број мигранти нелегално влегле во шпанската енклава Сеута од територијата на Мароко.
Тајани на социјалните мрежи порача дека ја поддржува идејата за затворање на Шенген зоната кон Шпанија, оценувајќи дека е неопходен поцврст одговор на, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“.
Во меѓувреме, шпанската Цивилна гарда соопшти дека стотици мигранти ја преминале границата кај Сеута, препливувајќи од мароканската страна, при што безбедносните сили биле преоптоварени. Според достапните информации, во обидот за преминување загинале девет лица, а шпанската армија испратила 60 војници како засилување на полициските сили.
Шпанската државна телевизија ТВЕ објави дека границата ја преминале меѓу 2.000 и 3.000 лица, додека дел од медиумите наведуваат значително повисоки бројки. Новинската агенција ЕФЕ јави дека голем број мигранти ја прескокнале заштитната ограда во момент кога таму немало полициско обезбедување.
Сеута, заедно со Мелиља, е единствената копнена граница меѓу Европската Унија и Африка, поради што овие две шпански енклави редовно се соочуваат со миграциски бранови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












