• Импресум
Friday, July 31, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зголемен сообраќај за Илинден, РСБСП повикува на максимална претпазливост

31/07/2026
A A
Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), по повод 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Од РСБСП предупредуваат дека за време на продолжениот празничен викенд се очекува значително зголемен интензитет на сообраќајот, особено на патиштата кон туристичките центри како Охрид, Преспа, Дојран, Крушево и Пелинце, како и кон излетничките места и граничните премини.

„Во услови на зголемен сообраќај, внимателното и одговорно однесување е клучно за безбедноста на сите учесници“, порачуваат од Советот.

Во апелот до возачите се нагласува потребата од почитување на ограничувањата на брзината, избегнување управување возило под дејство на алкохол, психоактивни супстанци или во состојба на замор, како и задолжително користење сигурносен појас. За најмалите патници се препорачува превоз исклучиво во соодветни детски седишта.

Дополнително, РСБСП апелира возачите да не користат мобилен телефон за време на возењето, пред патување да ја проверат техничката исправност на возилото, а при подолги релации да прават пауза на секои два часа.

Апел е упатен и до велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила.

„Секое одговорно однесување во сообраќајот значи зачуван човечки живот. Да не дозволиме невнимание или неодговорна одлука да предизвика трагични последици“, порачаа од РСБСП, честитајќи им го празникот на сите граѓани и посакувајќи им безбедно патување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во реконструираните одделенија во битолската болница

31/07/2026
Земјотреси со јачина од 4,7 и 4,5 степени денеска ја потресоа турската област Малатија
Вести

Перу погоден од два последователни земјотреса, нема информации за жртви

31/07/2026
Мигрантска криза во Сеута, Италија бара остри мерки кон Шпанија
Вести

Мигрантска криза во Сеута, Италија бара остри мерки кон Шпанија

31/07/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

УХМР најавува нов топлотен бран, од среда над 40 степени

31/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Водовод најави прекин: Без вода неколку улици во Центар

31/07/2026
Кисела Вода добива силна поддршка за локален развој и капитални инвестиции
Вести

Кисела Вода со апел до жителите: Од 22 часот држете ги затворени прозорците

30/07/2026
Следна вест
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во реконструираните одделенија во битолската болница

Најнови вести

Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во реконструираните одделенија во битолската болница

31/07/2026
Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Зголемен сообраќај за Илинден, РСБСП повикува на максимална претпазливост

31/07/2026
Земјотреси со јачина од 4,7 и 4,5 степени денеска ја потресоа турската област Малатија

Перу погоден од два последователни земјотреса, нема информации за жртви

31/07/2026
Мигрантска криза во Сеута, Италија бара остри мерки кон Шпанија

Мигрантска криза во Сеута, Италија бара остри мерки кон Шпанија

31/07/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

УХМР најавува нов топлотен бран, од среда над 40 степени

31/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Водовод најави прекин: Без вода неколку улици во Центар

31/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.