Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска на свечена церемонија беа промовирани нови 496 полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. кои положија заклетва и официјално се приклучија на Министерството за внатрешни работи.
– Денес, кога ќе ја положите свечената заклетва, прифатете ја како лична обврска пред себе, пред вашите семејства, пред вашите колеги и пред Македонија. Обврзете се дека секогаш ќе ги почитувате Уставот и законите, дека ќе водите бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, дека ќе ја штитите безбедноста на секој граѓанин без разлика на неговата етничка, верска, политичка или која било друга припадност и дека достојно ќе ја носите полициската униформа, нагласи министерот Панче Тошковски.
Министерот рече дека оваа генерација уште за време на обуката покажала исклучителна подготвеност, дисциплина и професионален потенцијал, но и оти е генерација која ја завршила обуката во целосно обновени услови во Центарот за обука во Идризово..
-Ова е прва генерација со која е спроведен новиот модел на наменска основна обука, поделена на три специјализирани модули: општа надлежност и сообраќај, кој го завршиле 364 кандидати, гранични работи – 78 кандидати и специјални полициски операции – 54 кандидати, соопшти помошник-министерот на Полициската академија, Влатко Митковски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












