• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

До 60 сантиметри снег и ветрови од 110 км/ч – хаос на североистокот на САД

23/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
До 60 сантиметри снег и ветрови од 110 км/ч – хаос на североистокот на САД

Силна зимска бура го зафати североистокот на САД, поради што денеска се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови. Локалните власти предупредуваат на обилни врнежи од снег, силни ветрови и опасни услови за патување.

United States Postal Service соопшти дека невремето, кое го погодува подрачјето од Вашингтон до Нова Англија, може да предизвика доцнење во обработката и доставата на пошта и пакети.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, прогласи вонредна состојба, а сите јавни училишта во градот денеска се затворени, без онлајн-настава и без воннаставни активности. Гувернерката на сојузната држава Њујорк, Кети Хочул, активираше 100 припадници на Националната гарда за помош во Лонг Ајленд, Њујорк и Долната долина Хадсон, каде што се очекуваат најинтензивни врнежи и крајбрежни ветрови.

Поради невремето е затворен и комплексот на седиштето на Обединети нации на Менхетен.

Според прогнозите, на североистокот се очекуваат и до 60 сантиметри снег, со удари на ветер до 110 километри на час, што го зголемува ризикот од прекин на електричната енергија и паднати дрвја.

Вонредна состојба е прогласена и во Масачусетс, а во Конектикат е забранет сообраќај за комерцијални возила на одредени автопати, освен за итни и неопходни испораки. И во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, со апел до граѓаните сериозно да ги сфатат предупредувањата.

Според податоците на сајтот за следење летови FlightAware, откажани се повеќе од 5.000 летови, а нови откажувања се најавени и за утре, особено на главните аеродроми во регионот.

Градскиот превозник „Њујорк транзит“ го прекина автобускиот и лесниот железнички сообраќај, а во Нова Англија, Управата за јавен превоз на Род Ајленд ги суспендираше сите услуги до подобрување на временските услови. Предупредувања за зимска бура се издадени за Њујорк, Лонг Ајленд, Бостон и крајбрежните области во повеќе сојузни држави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
Македонија со нов селектор во пресрет на дуелите со Луксембург и Азербејџан

Македонија со нов селектор во пресрет на дуелите со Луксембург и Азербејџан

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.