Граѓаните кои преку апликацијата „Мој ДДВ“ скенираат фискални сметки, ќе го добијат повратот на ДДВ-то на нивните трансакциски сметки до крајот на месецов.
Од Министерството за финансии објаснуваат дека се работи за износот собран од скенираните сметки во периодот јули–септември, кој согласно правилата се исплаќа 60 дена по завршување на кварталот.
Како најчести причини за доцнење на исплатите се наведуваат неправилно внесени или неажурирани податоци за трансакциската сметка во системот на Управата за јавни приходи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












