Едно лице е уапсено, а по останатите се трага откако американската новинарка Шели Китлсон денеска беше киднапирана во Багдад.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи на Ирак ја потврди информацијата, наведувајќи дека еден осомничен веќе е приведен и дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на другите сторители и за нејзино ослободување.
Видео објавено од Ал Арабија, кое го прикажува моментот на киднапирањето, брзо се прошири на социјалните мрежи. На снимката се гледа како Китлсон стои на улица во близина на хотел во центарот на градот, по што ѝ се приближува возило од кое излегуваат неколку лица и насилно ја внесуваат внатре, пред да избегаат со голема брзина.
Според официјалните информации, полицијата веднаш започнала потера. За време на акцијата, возилото на киднаперите било пресретнато и превртено додека се обидувале да избегаат. Во таа прилика бил уапсен еден осомничен, но новинарката не била пронајдена во автомобилот.
Китлсон е независна новинарка која со години известува од нестабилни и конфликтни региони, вклучително Ирак, Авганистан и поширокиот Блиски Исток.
Нејзините анализи и извештаи се објавувани во реномирани медиуми како Al Monitor, Foreign Policy, BBC, Politico и списанието New Lines Magazine.
Таа е позната по известувањето од терен, вклучително и за борбите против Исламска држава, како и по анализите за улогата на проиранските милиции во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












