Во спортска обложувалница во село во струшкиот регион синоќа се случил разбојнички напад. Како што е пријавено во ОВР Струга, инцидентот се случил на 16 јануари околу 23 часот, кога две маскирани лица влегле во објектот, при што едно од нив било вооружено.
Напаѓачите им се заканиле на вработените и од објектот одзеле пари, по што побегнале во непознат правец. Засега нема информации за повредени лица.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












