Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција, по што пациентката се врати на вообичаените активности, информира Министерството за здравство.
Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, во тим со д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиологот д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарката Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.
Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска.
Во интервенцијата учествуваше и средно медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.
Користењето кадаверични коскени трансплантати има особено значење во детската ортопедија – се избегнува дополнителна хируршка рана, болка и нови деформации, а интервенциите се пократки и побезбедни.
„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата што даруваат и на тимовите што посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот“, изјави националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.
Министерството за здравство упати искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







