• Импресум
Tuesday, March 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

03/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари, надминувајќи 83 долари за барел, поради продлабочувањето на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по 83,30 долари, што е за 5,56 долари повеќе во однос на претходното затворање. Во текот на денот цената достигна и 85,12 долари – највисоко ниво од јули 2024 година. На американскиот пазар барелот се продаваше по 76,52 долари, со раст од 5,29 долари, а привремено се искачи на 77,58 долари – највисоко ниво од јуни годинава.

Од затворањето на берзите во петокот, неколку часа пред нападите врз Иран, цената на барелот е зголемена за околу 16 до 17 проценти.

Ормутски теснец де факто е затворен, со што е блокирана речиси една петтина од глобалните испораки на нафта и течен природен гас. Иранските вооружени сили порачаа дека нема да дозволат извоз преку теснецот. Во меѓувреме, осигурителните компании го откажуваат покритието за бродови, поради што танкерите и контејнерските бродови го избегнуваат пловниот пат, а транспортните трошоци нагло растат.

Ирак го запре производството во нафтеното поле Румејла, второ по големина во светот, поради исполнети резервоари и неможност за транспорт. Се проценува дека таму се произведуваат околу 1,4 милиони барели дневно.

Во меѓувреме, Обединети Арапски Емирати се соочуваат со пожар во пристаништето Фуџаира по напад со дрон, додека Саудиска Арабија превентивно ја запре преработката во рафинеријата во Рас Танура. Катар, пак, го суспендираше производството на течен природен гас.

Аналитичарите од ING Group предупредуваат дека најголем ризик за пазарот претставуваат евентуални нови напади врз енергетската инфраструктура во регионот, што би можело да предизвика подолготрајни прекини во снабдувањето.

Според податоците на OPEC, цената на барел од нафтената кошница на организацијата во понеделникот пораснала за 8,24 долари и изнесувала 78,31 долари.

Енергетските пазари остануваат под силен притисок, а секоја нова ескалација во регионот дополнително ја зголемува неизвесноста и ризикот од нов раст на цените.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
Вести

Во касарна во Петровец пронајдена дрога кај припадник на Армијата

03/03/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

03/03/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“
Вести

Полицајци од Кочани се изјаснија како невини во предметот „Пулс“

03/03/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Предоцна е за преговори со Иран, кажа Трамп

03/03/2026
Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот
Вести

Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

03/03/2026
Сончево време со слаб ветер и температура до 14 степени
Вести

Стабилно време денеска, локални врнежи најавени кон крајот на неделата

03/03/2026
Следна вест
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Најнови вести

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

Во касарна во Петровец пронајдена дрога кај припадник на Армијата

03/03/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

03/03/2026
Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

Ескалацијата во регионот предизвика скок на нафтата над 83 долари

03/03/2026
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“

Полицајци од Кочани се изјаснија како невини во предметот „Пулс“

03/03/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Предоцна е за преговори со Иран, кажа Трамп

03/03/2026
Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

Ројтерс: Амбасадата во Ријад била празна во моментот на нападот

03/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.