Tuesday, March 19, 2024

(ФОТО) Уапсени трагачи на злато: Нелегално ископувале предмети од културно наследство

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај село Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н. (41) од Штип, поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство.

„На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ – Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи“, информираат денеска од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај село Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест