Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за време на посетата на Доха оствари средба со спикерот на Советот на Шурата на Катар, Хасан бин Абдула Ал-Ганим. Разговорите беа насочени кон унапредување на меѓусебната соработка и создавање можности за поинтензивна комуникација меѓу двата парламента.
Гаши ја истакна важноста на парламентарната дипломатија, оценувајќи ја како клучен инструмент за градење партнерства и поврзување меѓу државите, особено во период на глобални предизвици. Тој го покани Ал-Ганим во официјална посета на Македонија следната година, во рамките на одбележувањето три децении дипломатски односи меѓу двете земји.
На средбата беше нагласено дека постојните групи за пријателство во двата парламенти можат да дадат значаен придонес во размена на искуства од областите економија, енергетика, дигитализација и климатски политики.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












