Курто Дудуш, поранешен пратеник, а моментално градоначалник на општина Шуто Оризари oд Скопје, денеска се сретнал со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, објави Телевизијата Клан Македонија.
Според информациите, Ахмети и Дудуш се договориле Дудуш да се приклучи кон Европскиот фронт.
Инаку, пред неколку дена, партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети.
Исто така, денеска беше објавено дека утре на Европскиот фронт ќе му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа, преку потпишување на коалициски договор во Тетово со почеток во 12:00 часот во Домот на културата.