Единаесет лица се приведени по масовна физичка пресметка што се случила доцна синоќа во скопската населба Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2026 година во 23:04 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале повеќе лица. При интервенцијата на полициските службеници било констатирано дека дошло до меѓусебна физичка пресметка од поголем обем.
Во инцидентот тешко биле повредени Е.Ј. (35) и М.Ј. (37), кои веднаш по укажаната прва помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им е обезбеден понатамошен медицински третман.
По преземените мерки и активности, полициските службеници од СВР Скопје лишиле од слобода вкупно 11 лица: С.Џ. (53), М.С. (27), Џ.Џ. (28), А.К. (44), С.С. (29), Ф.М. (46), Ф.С. (20), Д.Ј. (21), Е.Ј. (32), Ј.Ј. (27) и Н.Ј. (54), сите од Скопје.
Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












