• Импресум
Sunday, March 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

И денеска хуманитарни коридори низ Украина, Русија тврди дека Киев подготвувал инвазија на Донбас

09/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
И денеска хуманитарни коридори низ Украина, Русија тврди дека Киев подготвувал инвазија на Донбас

Русија за денеска најави нов прекин на огнот со цел да им се овозможи на цивилите од повеќе украински градови градовите да се евакуираат. Хуманитарни коридори повторно треба да бидат воспоставени за Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол во 10 часот по локално време што ќе биде трет прекин на огнот од почетокот на инвазијата.

Вчерашниот обид за евакуација на цивилите од Чернихив не успеа бидејќи според тврдењата на украинските власти, Русија продолжила со гранатирање на рутата по која требало да се движат коридорите. Исто така, Украина тврдеше и дека безуспешен бил обидот и во Мариупол. 

Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска пред јавноста објави тајни документи што укажуваат дека украинските оружени сили планирале во март годинава да спроведат воена интервенција во Донбас.

-Во рамки на специјална воена операција руските сили дојдоа до тајни документи на Командата на Националната гарда на Украина. Тие потврдуваат тајна подготовка на режимот на Киев за офанзивна операција во Донбас во март 2022 година, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.

Како што наведе Конешенков, планот предвидувал до 28 февруари да заврши борбената координација на украинските националисти, за да се обезбеди реализација на офанзивни задачи во рамки на украинската „операција на здружените сили“ во Донбас.

САД го забранија увозот на руска нафта, во обид да и зададат економски удар на Москва поради војната во Украина. Претседателот Џо Бајден вчера наглaси дека американското нафтено ембарго врз Русија ќе ја пресече „главната артерија“ на московската економија и вети дека Украина „никогаш нема да биде победа“ за рускиот лидер Владимир Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се пожали дека му е потребна поголема воздушна поддршка за да се бори против офанзивата на Москва. Во видео-говор пред британските пратеници, Зеленски се повика на отпорот на Винстон Черчил против нацистичка Германија, и вети дека „ќе се бори до крај“.

Пентагон го отфрли полскиот план за испорака на борбени авиони Миг-29 на американската воздухопловна база во Германија, нагласувајќијќи дека тој не е „одржлив“.

-Можноста за борбени авиони… да заминат од базата на САД/НАТО во Германија за да летаат во воздушниот простор што е оспоруван со Русија над Украина, предизвикува сериозна загриженост за целата алијанса на НАТО, наведе портпаролот Џон Кирби во изјавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реми на Охрид и Алкалоид
Вести

Реми на Охрид и Алкалоид

14/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево
Вести

Драма во тетовско село: 18-годишник нападнал соселанец и го удрил со возило

14/03/2026
Силјановска-Давкова: Одговорноста е кај сите нас
Вести

Силјановска-Давкова: Одговорноста е кај сите нас

14/03/2026
Тежок пораз: Македонија убедливо поразена од Данска во квалификациите за Евробаскет
Вести

Грција убедлива – нашите кошаркари се враќаат со тежок пораз

14/03/2026
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на свечената академија посветена на Св. Климент Охридски
Вести

„Солзите станаа секојдневие“ – архиепископот Стефан за трагедијата во „Пулс“

14/03/2026
Вести

Тепачка меѓу девојчиња во Аеродром, полицијата презема мерки

14/03/2026
Следна вест
Изгоре возило што го користела сопругата на Шилегов, ќе се истражува дали е намерно запалено

Изгоре возило што го користела сопругата на Шилегов, ќе се истражува дали е намерно запалено

Најнови вести

Реми на Охрид и Алкалоид

Реми на Охрид и Алкалоид

14/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево

Драма во тетовско село: 18-годишник нападнал соселанец и го удрил со возило

14/03/2026
Силјановска-Давкова: Одговорноста е кај сите нас

Силјановска-Давкова: Одговорноста е кај сите нас

14/03/2026
Тежок пораз: Македонија убедливо поразена од Данска во квалификациите за Евробаскет

Грција убедлива – нашите кошаркари се враќаат со тежок пораз

14/03/2026
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на свечената академија посветена на Св. Климент Охридски

„Солзите станаа секојдневие“ – архиепископот Стефан за трагедијата во „Пулс“

14/03/2026

Тепачка меѓу девојчиња во Аеродром, полицијата презема мерки

14/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.