Иако имам различни ставови од Пендаровски, тој во едно интервју имаше прецизна дефиниција и ја сруши дефинциијата на Владата. Доколку нема согласувања за неко историски настан или личност, не се постигне согласност, следува вето. Друго е да ви стави вето Холандија и да каже немате добри стандарди за животната средина. А друго е да каже Бугарија за историјата.
Ако блокадата на Бугарија ја дефинираме како причина да остапиме, тогаш ќе си го поканиме следното вето. Ќе им станеме навика. Денес ќе им го смениме Уставот, утре учебникот, наредниот ден споменикот и се што сакаме. Ова не го зборуваме само јас, вели Милошоски цитирајќи други луѓе кои имаат слични ставови.
Вархеји и Урсула Фон Дер Лајен земаат плата за да кажат убави зборови, потоа ќе замине во Ангола, потоа за Мароко, ќе разговара за гас, додава Милошоски.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница ја прифати иницијативата за одржување референдум за прифаќањето на преговарачката рамка заедно со билатералниот договор со Бугарија.
Опозициската партија најави дека во следниот период ќе се одржат широки консултации по кои ќе биде формулирано и референдумското прашање.
Ѓорчев во Само вистина смета дека францускиот предлог не е нивни предлог, туку трипартитен договор меѓу Македонија, Бугарија и Франција за тоа како треба да изгледа нашата меѓувладина конференција и нашата иднина.
Мислам дека ЕУ со ваков предлог што го даде ни го отежнува патот. Јазикот, уште кога одевме во Луксембург се беше преведено на македонски јазик. Тоа македонски е работна верзија. Не е спорно дека се преведува на македонски јазик. Друго е спорно. Македонскиот јазик веќе 21 година е во предводите. Тој ќе биде официјален јазик тогаш кога ќе ги завршиме преговорите, сега не е тоа. Тоа е работна верзија и така практично ќе треба да го гледаме, вели Марјан Ѓорчев.
Видео од гостувањето