Aдвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски, се жалеше на мерката и обвини дека се прави политичка хајка врз бизнисменот кого го апсат додека тој донира во пандемијата.
Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор откако Кривичниот суд попладнево му ја одби жалбата.
Тој беше уапсен откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дошла до сознанија дека тој наводно се обидувал да побегне од земјава.
Камчев ја издржува притворската мерка во затворот во Шутка од неделата.
Неговиот адвокат Тони Менкиновски се жалеше на мерката и обвини дека се прави политичка хајка врз бизнисменот кого го апсат, додека тој донира во пандемијата.