• Импресум
Friday, October 17, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лапорта стана претседател на Барса и му се извини на Меси

„На пример, ќе се обидеме да го убедиме Лео да остане во клубот. Извини Лео! Ќе го дадам мојот максимум и ти го знаеш тоа.

18/03/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Лапорта стана претседател на Барса и му се извини на Меси

Жоан Лапорта вчера беше официјално прогласен за претседател на Барселона, и во воведниот говор за истакнување беше неговото извинување на капитенот на фудбалскиот клуб, Лионел Меси и пораката за иднината.

Самиот Меси, кој неодамна го искористи правото и гласаше на изборите во Барселона, беше присутен на церемонијата со други играчи од сите спортски клубови на Блауграна. Лапорта се сврте кон Меси и му прати јасна порака.

„На пример, ќе се обидеме да го убедиме Лео да остане во клубот. Извини Лео! Ќе го дадам мојот максимум и ти го знаеш тоа. Тој е најдобриот фудбалер во историјата. Те сакам тебе и Барселона те сака. Да беше полн стадионот немаше да сакаш да си одиш“, изјави Лапорта.

Лапорта призна дека финансиската ситуација е клуч за иднината на тимот, откако долгот на Барселона надмина сума од милијарда евра по губитокот на приходите од натпреварите.

„Економската ситуација е приоритет. Мораме да го направиме клубот со оддржлива стратегија. Имаме план и ќе ги носиме сите одлуки во интерес на Барселона. Со стабилност ќе можеме да ги направиме тимовите поконкурентни“, вели Лапорта.

Новиот претседател, спротивно на најавите, му даде поддршка на Роналд Куман како тренер на тимот.

„Роналд, ти ја имаш нашата доверба. Сакаме повторно да пишуваме историја во Лигата на шампионите, но оваа година мораме да излеземе и да ја освоиме Ла лига и Копа дел реј“, беше пораката до тренерот.

❝I love you, and Barça also loves you.❞
— Joan Laporta's message to Leo #Messi pic.twitter.com/PZUOhgt5c9

— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 17, 2021

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуштени во продажба билетите за македонското дерби
Спорт

Пуштени во продажба билетите за македонското дерби

26/09/2025
Пелистер со гол во последната секунда се спаси од пораз против Алкалоид
Вести

Еурофарм Пелистер поразен од ГОГ среде Битола

25/09/2025
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Спорт

ФФМ: Суспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија

24/09/2025
Почнува Европската недела на спортот
Спорт

Почнува Европската недела на спортот

23/09/2025
Пелистер со гол во последната секунда се спаси од пораз против Алкалоид
Спорт

Пелистер со гол во последната секунда се спаси од пораз против Алкалоид

21/09/2025
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
Спорт

Минимална победа на Вардар за прво место

13/09/2025
Следна вест
СЕХА: Нексе го „сопна“ Вардар, сега се втори во групата

СЕХА: Нексе го „сопна“ Вардар, сега се втори во групата

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.