Лавров: Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Македонците и oна што го прават нивните политичари
Лавров смета дека Македонија за брзо нема да биде примена во ЕУ
ЕУ и НАТО се обидуваат да ja направат Македонија „алаткa во антируската игра“, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Додаде дека Македонија, стана Северна Македонија за да влезе во ЕУ. Лавров смета дека Македонија за брзо нема да биде примена во ЕУ.
„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Македонците и Црногорците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел. Ова е истото тоа што се обидоа да го сторат во Украина и во други источноевропски држави “, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју објавено на вебсајтот на руското Министерство за надворешни работи.
Кажа дека бил во Охрид и Скопје и видел како Македонците се однесуваат. Македонија се приклучи на санкциите кои западот ги воведе за Русија поради војната во Украина.