Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, упати апел до јавноста да не се злоупотребува случајот со стомачните тегоби кај учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Тој рече дека и самиот во последните денови чувствувал слични симптоми, но нагласи дека е важно да се почекаат официјалните резултати од анализите пред да се извлекуваат заклучоци или да се крева паника.
„Не ширете паника, почекајте резултати,“ порача Лукровски, повикувајќи на трпение и доверба во надлежните институции додека се утврдуваат причините за здравствените проблеми кај учениците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







