Поради намалена видливост предизвикана од магла, вчера на Меѓународен аеродром Скопје биле откажани вкупно 20 летови, два биле пренасочени, додека 13 авиони слетале и исто толку полетале, информираат од ТАВ Македонија.
Од ТАВ Македонија апелираат патниците редовно да ги следат информациите за своите летови преку авиокомпаниите, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја авиокомпанија има различни критериуми за слетување и полетување при намалена видливост. Истакнуваат дека сите капацитети на аеродромот се во функција и дека аеродромот е отворен за авиосообраќај.
Промените во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на официјалната веб-страница на аеродромот, а патниците дополнителни информации можат да добијат и на информативниот пулт или на телефонскиот број 02 3148 333.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












