• Импресум
Friday, May 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

04/07/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, со која тој му одговори на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за изјавата дека Договорот за добрососедство може да се репреговара.

„Цинизам е претседател на држава кадешто редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да ги изговори овие зборови. Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и да – имаше напади врз македонски собори и врз македонски клубови“, реагираат Македонците во Бугарија.

Разликата е, велат тие, што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет.

„Никој не е дури ниту вербално укорен, во медиумите или од политичари. Не го слушнавме Радев да го осуди нападот врз македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, на пример, а ниту кој било бугарски политичар. Македонските политичари ги осудија нападите во Македонија и судот постапи по случаите. Тоа за Бугарија е несонив стандард“, велат во реакцијата.

Македонците од Бугарија прашуваат дали Радев може да посочи еден бугарски државјанин со македонски идентитет кој држи позиција во администрацијата сега или да држел таква во Бугарија во последните 60 години.

„Не може. Таков нема и не може да има. Ние лесно се сеќаваме на луѓе со бугарска самосвест кои држеле исклучително високи позиции во Македонија – Димитар Димитров, Младен Србиновски, Ѓорѓи Трендафилов и други. Радев цитира 150.000 од Македонија кои добиле бугарско државјанство на основа на бугарско потекло. Колку од нив имале високи позиции во Македонија? Еден премиер како Љубчо Георгиевски веднаш доаѓа на ум… Да се претставува тепан од своите другари по криминал како тепан поради својот бугарски идентитет, само покажува колку нема аргументи Радев и колку бескрајно далеку се наоѓа тој од реалноста“, велат од заедниците.

Оттаму додаваат дека можат да цитираат десетици Извештаи и ставови од Парламентарната асамблеја на Советот на Европа, Комитетот на министрите при Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Комисијата за борба против расизмот и дискриминацијата, Советодавниот комитет кон Рамковната конвенција за националните малцинства, Годишните извештаи на Стејт департманот на САД, Хелсинки воч, Амнести интернешанал, Бугарски хелсиншки комитет, 14 пресуди од Судот за човекови права од Стразбур и други.

„(Извештаи) на многу и различни начини констатираат нарушувања на правата на Македонците во Бугарија. Радев никогаш нема земено позиција по ниту еден од нив. А, ниту бугарскиот омбудсман, Комитетот против дискриминација, бугарските судови. Никој! Уставниот суд и Бугарскиот парламент имаат прифатено позиција дека македонско малцинство во Бугарија нема. Колку такви извештаи и пресуди тој може да цитира за наводното кршење на правата на Бугарите во Македонија? Навистина се работи за двојни стандарди. Но гредата е во окото на Радев и неговата држава“, се вели во реакцијата.

Зад реакцијата на изјавата на Радев стојат ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“, Правозаштитен комитет „Толеранција“, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Друштво за заштита на основни човекови права, Граѓанска иницијатива за признавање на македонско национално малцинство во Бугарија и Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција.

Претходно Радев реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски и рече дека нема место за репреговарање на Договорот за добрососедство. Радев исто така рече оти „на властите во Скопје им недостига познавање на уставно право“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање
Вести

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

22/05/2026
Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата
Вести

Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

22/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син
Вести

Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

22/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници
Вести

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

22/05/2026
Следна вест
Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција во Македонија

Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција во Македонија

Најнови вести

Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради изреалско мешање

22/05/2026
Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

Фицо го отфрли предлогот на Мерц за новата динамика во преговорите за членство во Унијата

22/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нови тензии во НАТО: САД распоредуваат дополнителни сили во Полска

22/05/2026
Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

Пожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син

22/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.