• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: ДУИ го предаде македонскиот народ

24/07/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: ДУИ го предаде македонскиот народ

Христијан Мицкоски е дециден, ДУИ го предале македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани.

Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?

–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предлог не беше пред пратениците за да може врз основа на него да може да се произнесат и да може да кажат дали е тоа во ред, бидејќи тој не беше комплетен, затоа што го немавме во тој момент сè уште протоколот на маса. Имаше шпекулации, имаше претпоставки, но ниту во еден момент го немавме протоколот на маса, што самото по себе претставува скандал, бидејќи избраниците на народот ги терате да се произнесат по некаков си документ. Предлог-заклучоците се еден лист, лист и половина хартија каде што Собранието им вели на министрите во владата да носат кошули… какви ќе бидат тие кошули, дали ќе бидат со копчиња, со кратки или со долги ракави – тоа не е дел од тоа што го предлагаат.

Така што првата брутална измама што е направена од нашата влада, после мега измамата што ја направија кога кажаа НЕ, а подоцна го прифатија истото за кое што стигна потврда и од бугарска страна дека се работи за истиот предлог, следуваше оваа втора измама каде што на пратениците од власта и оние поддржувачи кои кренаа 68 гласа ЗА им беше на маса ставено нешто коешто немаше никаква врска со нешто што се нарекува последен предлог.

Но, од друга страна, не можам до ден-денес да поверувам дека опозициските пратеници, кои себеси се декларираат како опозиција во парламентот и тука, пред сè, мислам на онаа опозиција што е против владините политики, што ги гласаше овие заклучоци. Затоа што се поставува прашањето, ова не го отвора патот кон Европската Унија, бидејќи Владата е таа која што носи одлуки. Владата тогаш само ги злоупотреби пратениците во парламентот и во јавноста претстави дека еве тие гласале за некаков предлог кои тие претходно го прифатиле. Се гласаше за нешто коешто нема суштина, а суштината е тоа што дека владата прифатила асимилаторски договор со Бугарија, којшто потоа беше преточен во последен предлог што дел од јавноста го нарече модифициран.

Ние не учествувавме во гласањето, иако учествувавме во дебатата за да може јавноста да го слушне нашиот став поврзан со тој последен предлог кој нема врска со заклучоците и со овој памфлет што го изгласаа 68 пратеници, и тоа е јасно дека е не и неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што не бевме во моментот на гласање е само заради тоа што не сакавме да дадеме легитимитет со нашето присуство на нешто коешто го гласаа пратениците.

И тоа е јасно дека е НЕ и дека е неприфатлив за ВМРО. Имаме парламентарно мнозинство, кое кога требаше довербата на владата, кукавички ја напушти дебатата и да елаборира зошто треба оваа влада да остане, и сега овие 68, во којшто има дел од пратеници од опозицијата, велат зошто ВМРО-ДПМНЕ не било, ВМРО-ДПМНЕ нема да легитимира неправеден и ненароден чин.

Со потпишувањето на Протоколот, фактички притисокот се зголемува на македонско-бугарската историска комисија. Какви се Вашите очекувања, ќе има ли капацитет комисијата без политички притисок да договара значајни теми, како што се потеклото на Гоце Делчев, средновековието … ?

–Очекувам притисоци, како што беше и претходно, да – очекувам од Бујар Османи притисок врз работата на комисијата, иако тоа веќе сега не е никако поврзано со европскиот пат на Македонија, затоа што европскиот пат во моментов зависи само од една работа, а тоа е промената на Уставот, не зависи сега само од работата на комисијата и тука е овој момент каде што јас само велам не е ништо изгубено, затоа што промената на Уставот е последниот браник на македонскиот идентитет.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и оние кои не се сложуваат со овој француски или последен модифициран предлог се чувари на македонскиот идентитет. Сега веќе работата апсолутно нема никакво значење. А дека ќе имаат од Бујар Османи и од тие негови соработници притисок, ќе имаат, и комисијата треба да знае дека ќе имаат, немам никаква дилема. Водството на ДУИ прави историска грешка, тие практично гледајќи го интересот на Албанија, влегоа во коалиција и пакт со Бугарија и Бугарите, и ги продадоа интересите на македонскиот народ и нивните сограѓани во Македонија, и на тој начин оставија трајна рана во нашата колективна меморија и тоа нема да го заборавиме.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
Некои КАФИЊА можат да ја зголемат тежината: Ќе излезете од форма без да сфатите, додека ОВА кафе има ефект на ЕЛИМИНИРАЊЕ на водата од вашето тело.

Некои КАФИЊА можат да ја зголемат тежината: Ќе излезете од форма без да сфатите, додека ОВА кафе има ефект на ЕЛИМИНИРАЊЕ на водата од вашето тело.

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.