Thursday, July 4, 2024

Мицкоски ќе постсви камен темелник на детска градинка во Бутел: Инвестицијата вреди над 100 милиони денари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денес во Општината Бутел ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, Бутел 2 по 60 години ќе добие нова детска градинка чиј капацитет ќе дозволи згрижување на над 200 дечиња. Инвестицијата е над 100 милиони денари. По завршувањето на настанот предвидени се изјави за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест