Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека повторното воведување на авиолинијата Скопје – Будимпешта претставува важен чекор за зајакнување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот.
Тој, кој престојува во официјална посета на Унгарија, истакна дека новата линија ќе им овозможи на граѓаните полесно патување, поголема мобилност и подобра културна размена, што е дел од пошироките напори за приближување кон европските стандарди.
Вицепремиерот Александар Николоски посочи дека линијата Скопје – Будимпешта отвора нови можности за патување, образование и бизнис, како и за поврзување со европските и светските центри.
Според него, авиосообраќајот во земјава бележи континуиран раст, при што од почетокот на годинава бројот на патници е зголемен за околу 30 проценти. Тој потсети и дека Владата досега вовела 24 нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид.
Во меѓувреме, започна и реконструкцијата на Аеродром Св. Апостол Павле, инвестиција вредна 2,7 милиони евра, со цел подобрување на условите и зголемување на капацитетите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












