Македонската кошаркарска репрезентација со убедливи 87:49 против Азербејџан ги започна претквалификациите за Евробаскет 2029. Четвртините завршија со резултати: 22:13, 18:8, 23:16 и 24:12.
Од самиот старт избраниците на селекторот Марјан Илиевски ја наметнаа играта и ја контролираа средбата. Предводени од капитенот Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски, репрезентативците ја достигнаа првата двоцифрена предност на почетокот од втората четвртина (25:15), а на полувреме заминаа со убедливи 40:21.
Предноста продолжи да расте и во вториот дел. Во 26. минута Македонија стигна до +20 (52:32), а разликата постојано се зголемуваше без разлика на ротациите во составот. Во завршницата македонската селекција ја помина и границата од 30 поени разлика, за конечни 87:49.
Дебито во националниот дрес го забележа Омари Мур, кој постигна 6 поени. Стојановски (16 поени, 11 скокови) и Јакимовски (25 поени, 11 скокови) натпреварот го завршија со „дабл-дабл“.
Во тек е вториот натпревар од групата, меѓу Луксембург и Република Ирска. Следниот предизвик за Македонија е гостувањето во недела во Даблин против Ирска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







