истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со значаен развоен потенцијал, меѓу кои се паметното земјоделство и храната, информациско-комуникациските технологии, електро и машинската индустрија, одржливите материјали и паметните згради, енергијата на иднината и туризмот.
Договорите со добитниците беа потпишани денеска, а финансиската поддршка што ја обезбедува МОН изнесува 10.000 евра, односно по 600.000 денари за секој проект.
Најголем дел од проектите ќе ги реализира Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, кој доби поддршка за девет проекти. Универзитет „Гоце Делчев“ ќе реализира три проекти, додека по еден проект ќе спроведуваат Меѓународен Балкански Универзитет и Приватен институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.
Од вкупно избраните проекти, шест се од областа на инженерството и технологијата, пет од природно-математичките науки, два од земјоделските и ветеринарните науки и еден од општествените науки.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека проектите се во согласност со Стратегијата за паметна специјализација и ќе придонесат за развој на приоритетните области во државата.
Проектите се избрани по јавен конкурс објавен во септември минатата година. Од вкупно 18 пристигнати апликации, по заедничка евалуација од македонска и австриска страна биле одобрени 14 проекти за финансирање.
Рокот за нивна реализација е две години.
Претставниците на академската заедница оценуваат дека ваквата поддршка е особено значајна поради можноста за вмрежување со реномирани австриски универзитети и институти, што во иднина може да отвори можности за заедничко учество во поголеми европски програми и фондови, како што е „Хоризонт Европа“.
Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, нагласи дека соработката со технички факултет од Виена, кој е меѓу најпрестижните во Европа, ќе биде насочена кон истражувања поврзани со енергетската ефикасност на објектите и климатските промени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












