Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи ја поздрави објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
Муцунски ја истакна важноста на меѓународната одговорност и го пофали американскиот државен секретар Марко Рубио за неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот на Мадуро.
„Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите Американски Држави и со народот на Венецуела во борбата за слобода и демократија“, порача Муцунски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












