Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, веднаш презеде оперативни мерки по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице како управува патничко моторно возило со брзина од дури 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 120 км/ч.
По спроведените активности, возачот бил брзо идентификуван, пронајден и повикан во надлежна институција. Станува збор за лицето А.Д. (36) од селото Елово, скопско, кое е санкционирано согласно важечките законски прописи.
Од Министерство за внатрешни работи упатија апел до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата, нагласувајќи дека ваквото однесување претставува сериозна опасност по животот и безбедноста на сите граѓани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












