• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Победа за паметење: Македонија славеше над Романија

20/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Лазаров ги тестира „црвено-жолтите“ против Хрватска во Пореч

Македонија стигна до првата победа на ЕП 2026, откако по голема борба славеше над Романија со 24-23 и го освои третото место, кое носи улога на носител во ждрепката за вториот бараж за СП 2026. Во натпревар во кој Македонија имаше целосна контрола на резултатот, сепак ѝ дозволи на Романија во самиот финиш да се врати и да израмни. Но, за разлика од дуелот со Португалија, овојпат среќата беше на наша страна – Ненад Костески стрелаше прецизно пред звукот на сирената и ѝ ја донесе победата на Македонија.

Иван Џонов, и покрај повредата, стисна заби и настапи во стартниот состав како најистурен во зоната 5-1, а токму тој го постигна и првиот гол на натпреварот за водство од 1-0 по контранапад. Доминацијата продолжи, Џонов постигна уште еден погодок, а потоа украде топка и асистираше до Костески за 3-0 за Македонија за нецели четири минути игра. Романскиот селектор побара тајм-аут во петтата минута, кризата кај противникот продолжи со девет минути без постигнат гол, но Македонија не ги искористи неколкуте шанси за уште поубедливо водство.

Кузмановски со својот прв гол на натпреварот зголеми на 4-0 во 10. минута, а Романија првиот погодок го постигна од пенал преку Станчу на истекот од 11. минута. Романците потоа преминаа на напад со седум на шест, откако беа немоќни во игра шест на шест, и успеаја да намалат на 6-4 во 17. минута. Разликата се движеше меѓу два и три гола, Македонија повторно не искористи неколку шанси за враќање на „плус четири“, па на шест минути до крајот на полувремето резултатот беше 9-7.

Ѓоргиев презеде одговорност и погоди за 10-7, а потоа изнуди и пенал и исклучување, што Кузмановски го претвори во 11-7. Доминацијата продолжи, Пешевски зголеми на 12-7, но повторно му дозволивме на противникот да се врати и да намали на 12-9. Лазаров побара тајм-аут, по што следеше атракција – цепелин Џонов–Костески за 13-9, резултат со кој се замина на одмор.

Второто полувреме Македонија го отвори одлично и брзо поведе со 15-10, но не беше искористен зицер од контранапад преку Костески. Казната стигна со два брзи гола на Романците за 15-12, а играта седум на шест повторно ни создаваше проблеми (16-13). Не успеавме повторно да се одлепиме, а по исклучувањето на Стојковиќ, противникот во 43. минута од пенал намали на 18-16. Лазаров мораше да побара тајм-аут при резултат 19-17.

Митев изнуди пенал, кој Кузмановски мајсторски го реализираше со лоб за 20-17, но веќе во следниот напад следеше нов проблем – Аларов доби црвен картон поради удар во вратот на противнички ракометар. Томовски имаше две клучни интервенции со играч помалку, а во последните девет минути Македонија влезе со водство од 21-19, по новиот реализиран пенал на Нистор. На спротивната страна, Серафимов не успеа да реализира пенал.

Кузмановски уште еднаш се наметна како вистински лидер, повлече контранапад и изнуди пенал и исклучување, што самиот го претвори во погодок за 22-19. Романците го сменија голманот за завршните седум минути и намалија на 22-20, а при тој резултат беше исклучен и капитенот Кузмановски. Следуваше казна со два брзи гола на противникот и израмнување на 22-22 на четири минути до крајот.

Џонов промаши зицер од крило, а на две минути до крајот Кумпаничи доби директен црвен картон поради удар со лакот во главата на Атанасијевиќ. Лазаров побара тајм-аут на 77 секунди до крајот при напад со играч повеќе. Акцијата не беше одиграна најдобро, но судиите досудија пенал, кој Кузмановски го реализираше за 23-22. Романија тргна со седум на шест во последниот напад и постигна гол на 10 секунди до крајот, но Македонија стигна до заслужена победа – Ненад Костески беше херојот по асистенцијата на Кузмановски за конечни 24-23.

Кузмановски со девет погодоци беше најефикасен, по три гола постигнаа Ѓоргиев, Митев и Костески, додека од голманите Томовски имаше пет, а Митревски две интервенции.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ
Вести

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран
Вести

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Вести

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца
Вести

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
Следна вест
Приведен маж од валандовско, возел со 3.53 промили алкохол во крвта

МВР санкционираше возач кој возел 293 км/ч на автопатот Скопје - Гевгелија

Најнови вести

Силна бура ја погоди јужна Германија, гром повреди десет лица

22/06/2026
Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

Кошаркарска бомба: Панатинаикос повторно му ја довери клупата на Обрадовиќ

22/06/2026
Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

Белгија со играч помалку не успеа да го скрши отпорот на Иран

22/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

Уште четири лица опфатени со истрагата за Фудбалската федерација на Македонија

22/06/2026
Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

Козле добива нова градинка со капацитет за 130 деца

22/06/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Полицијата приведе 20 возачи поради сериозни сообраќајни прекршоци

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.