Наближуваат празниците, се почести се апелите од надлежните институции да се внимава како се вози и да не се користи алкохол при тоа. Но, има неодговорни лица кои тоа не го прифакаат, за таквите одговор е сообраќајната полиција.
Па така, вчера во Кичево, полицијата лишила од слобода 42-годишник кој возел под дејство на алкохол, односно имал дури 2,44 промили алкохол во крвта.
Приведување имало и во ресенско каде 36-годишник возел со брзина од 105 километри на час на место каде е дозволено 50 километри на час. И двајцата ќе одговараат за „безобѕирно управување со моторно возило”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












