Европскиот парламент со 411 гласа „за“ и 120 „против“ ја усвои конечната верзија на Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, подготвен од известувачот за земјата Томас Вајц.
Во рамки на гласањето не беше прифатен амандманот број 3 предложен од Вајц, со кој се бараше бришење на параграфот 73 од документот. Во овој дел од извештајот се споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, па со отфрлањето на амандманот тој останува составен дел од текстот.
Гласањето следуваше по вчерашната расправа во Европскиот парламент, посветена на европската перспектива на земјата и напредокот во евроинтегративниот процес.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оцени дека пораките испратени од европратениците претставуваат силна потврда за европската иднина на Македонија и дополнителен мотив за продолжување на реформите на патот кон членство во Европската Унија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












