• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Новиот директор Илир Мемеди ја носел неговата сопруга на патување во Мадрид , а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, утврдиле во Државниот завод за ревизија

09/01/2024
A A
Новиот директор Илир Мемеди ја носел неговата сопруга на патување во Мадрид , а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, утврдиле во Државниот завод за ревизија

Илир Мехмеди, поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба(УЦВП) ја носел неговата сопруга на патување во Мадрид , а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, утврдиле во Државниот завод за ревизија.

РЕВИЗИЈА ВО УПРАВАТА ЗА ЦИВИЛНА И ВОЗДУШНА ПЛОВИДБА

Илир Мехмеди, поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба(УЦВП) ја носел неговата сопруга на патување во Мадрид , а приватно патувал и во Сингапур на сметка на Управата, утврдиле во Државниот завод за ревизија. Тој незаконски потрошил повеќе од 8.000 евра од касата на УЦВП за патувања што не биле за целите и потребите на Управата.

Исплата на сомнителни фактури, непочитување на Законот за јавни набавки, ненаменско трошење пари без соодветни одлуки од Владата, се само дел од неправилностите што ги констатирале државните ревизори во работата на УЦВП додека директорувал Мехмеди. Тој на ова место дојде од редовите на ДУИ.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законските прописи, а на име на средства за градежно одржување и интервенции во објекти на УЦВП на фирмата „Промонтинг“ и биле исплатени повеќе од 60.000 евра.

„Со анализа на договорените работи по основниот и анекс договорите и извршените работи од ‘Промонтинг’, се констатира дека голем дел од предвидените и договорените работи не биле извршени, а истовремено се склучуваат анекс договори за новопредвидени работи и истите се плаќаат без претходно спроведена постапка за јавни набавки“, пишува во ревизорскиот извештај.

Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, избира, телевизори, двд кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на управата на крајот на 2005 година. Од увидот во планот за јавни набавки за 2005 година и документацијата од спроведените јавни набавки, ревизијата констатирала дека од планираните 52 набавки, биле реализирани 11. Од нив, 10 набавки со вкупна вредност од безмалку 400.000 евра биле реализирани надвор од планот за јавни набавки.

„Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови

и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот.

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во УЦВП повеќе пати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми. Ревизорите во извештајот запишале дека во изминатиот период против УЦВП поднесени се тужби од одделни субјекти со барања за наплата на парични побарувања или за надомест на штета по донесени одлуки од претходното раководство. Оттаму информираа дека постапките се во тек и дека не се знае какви и колкави обврски ќе произлезат од ваквите спорови во иднина, имајќи го предвид времетраењето на спорот и каматата која би се платила. Ревизијата предлага да се преиспита целиот случај во врска со исплатата на надоместот на штета на МАТ кој уште од 2001 година на суд побарува отштета од 43 милиони долари за случајот „редовен авиопревозник“. За исплатата се чека судска одлука. Ревизорите бараат да се утврди одговорноста на сите инволвирани страни во наведениот случај заради преземање на соодветни мерки против одговорните лица

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом
Вести

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Само во Македонија: Осуденик собрал 4.000 евра од командири, им ветил вработување во МВР
Вести

Претрес во затворот „Идризово“, кај 29-годишен осуденик откриена дрога

07/08/2026
Следна вест
Првиот човек на Косово против Али Ахмети: ДУИ се жали за мешање во внатрешните работи на албанците во Македонија

Првиот човек на Косово против Али Ахмети: ДУИ се жали за мешање во внатрешните работи на албанците во Македонија

Најнови вести

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Само во Македонија: Осуденик собрал 4.000 евра од командири, им ветил вработување во МВР

Претрес во затворот „Идризово“, кај 29-годишен осуденик откриена дрога

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.