Засилен пазарен и трудов инспекциски надзор низ супермаркетите најавува Вицепремиерот за еконосми прашања Фатмир Битиќи, со оглед на тоа што од задутре престанува да важи мерката загарантирана цена.
Засилен пазарен и трудов инспекциски надзор низ супермаркетите најавува Вицепремиерот за еконосми прашања Фатмир Битиќи, со оглед на тоа што од задутре престанува да важи мерката загарантирана цена со која беа замрзнати цените на најголемиот дел од прехрамбените производи. Додека граѓаните стравуваат од ценовен шок, Битиќи уверува дека тоа нема да се случи и дека секое нелогично покачување на цените од страна на трговците, ќе биде санционирано.
-Државниот трудов инспекторат, државниот пазарен испектротат веќе од задутре ќе бидат на терен и за секои евентуални зголемувања на цени кои што излегуваат од секоја една нормална пазарна логика соодветно ќе реагираме. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која што соодветствува со пазарната економија, сметам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. – Фатмир Битиќи.
Сепак најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме веруваат дека веќе високите цени на прехрамбените производи, од 1ви март со престанувањето на мерката дополнително ќе пораснат.
Според Битиќи, дополнително и Комисијата за заштита на конкурентноста но и Органицацијата за заштита на потрошувачи треба да реагираат во вакви ситуации, но според него најдсоодветно решение е носењето на Законот за нефер трговски практики. Токму мерката гарантирана цена беше воведена минатата година во септември како привремена заштита на стандардот на граѓаните додека не се донесе Законот, кој сеуште е во собраниска процедура.