Општина Карпош продолжува со реализација на мерки за подобрување на условите и зголемување на безбедноста во основните училишта на нејзината територија.
Во основните училишта „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Владо Тасевски“ во Козле поставени се нови хидрофори, со што е подобрена функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во училишните објекти.
Активностите се реализираат со средства од Буџетот на Општина Карпош, согласно годишната програма на Одделението за заштита и спасување.
Од локалната самоуправа информираат дека работите ќе продолжат и во останатите осум основни училишта, со цел дополнително подобрување на хидрантско-водоводната инфраструктура и создавање побезбедни услови за учениците и вработените.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












