• Импресум
Thursday, April 2, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пандев објави крај на кариерата

22/09/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Пандев објави крај на кариерата

Крај на фудбалската кариера објави Горан Пандев, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, рекордерот по бројот на настапи во репрезентацијата.

Нашата фудбалска легенда по крајот на минатата сезона остана без ангажман откако сезоната ја заврши во италијанскиот второлигаш Парма, по што беше извесно дека ветеранот ќе му каже збогум на фудбалот.

Заминувањето во фудбалска пензија тој го објави во изјавата за италијанскиот весник „Газета дело спорт“, потенцирајќи дека во иднина ќе посвети повеќе време на семејството.

-По 20 години… Мојот најстар син има 13 години, а јас го гледав само на паузите меѓу првенствата. Сега е време да се посветам на најблиските. Потоа сигурно ќе работам нешто во фудбалот, затоа што не знам ништо друго да правам. Добра беше промената, летово бев без клуб и можев да се опуштам малку, да не тренирам со месеци. Не знам што би работел, но тоа нема да биде тренер, изјави нашиот легендарен капитен Горан Пандев за најтиражниот спортски весник во Италија, „Газета“.

Тој вели би сакал да работи како спортски директор или како менаџер.

– Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал. Би сакал да им се заблагодарам на сите, фала ви за сѐ. На сите навивачи, претседатели, тренери низ кариерата. Сите тие ми дадоа нешто и јас тоа нема никогаш да го заборавам, додаде Пандев.

Најголем дел од својата клупска кариера Пандев ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио.

Беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017. Беше прогласен за играч на годината во Македонија во 2004, 2006, 2007, 2008 и 2010.

Професионалната кариера ја започна во Беласица, потоа се пресели во Интер, следуваа позајмица во Специја и Анкона, пет години во Лацио, по три во Интер и Наполи, една сезона во Галатасарај, вкупно седум години во Џенова и изминатата сезона во Парма. Севкупно 549 настапи и 112 голови.

За најдобрата македонска репрезентација лани играше на Европското првенство и го постигна првиот историски гол за А селекцијата на континенталните собири запиша 122 настапи и 38 голови како прв стрелец на вечната листа на најдобрата македонска репрезентација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата
Вести

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата

01/04/2026
Вести

ТФТ продолжува да пишува историја – следи Сутјеска

31/03/2026
Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска
Вести

Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска

31/03/2026
Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните
Вести

Промени во законот: Полесен пристап до мотоцикли за граѓаните

31/03/2026
Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар
Вести

Г7 подготвена за мерки за стабилизација на енергетскиот пазар

30/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Убиство во семејниот дом, полицијата поднесе пријава против 27-годишник

30/03/2026
Следна вест
Убаво: Градоначалникот на Гази Баба Стефковски без автомобил отишол на работа

Убаво: Градоначалникот на Гази Баба Стефковски без автомобил отишол на работа

Најнови вести

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата

Еден збор може да сруши се: Вредноста на довербата

01/04/2026
Зошто често настинувате? Одговорот е во овие фактори

Зошто често настинувате? Одговорот е во овие фактори

31/03/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?

Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?

31/03/2026

ТФТ продолжува да пишува историја – следи Сутјеска

31/03/2026
Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска

Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска

31/03/2026
Драма во Багдад: Киднапирана новинарка од САД, полицијата во потера

Драма во Багдад: Киднапирана новинарка од САД, полицијата во потера

31/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.