Потоа тие ѝ припаѓаат на „Каритас“ (Caritas) – добротворна организација на Католичка црква, а тоа се користи за финансирање на народната кујна и други општествено корисни работи, пренесува Танјуг.
„Вечниот Град“ во Италија е еден од најпосетуваните места во светот – со околу 21 милион туристи годишно. Фонтаната ди треви, обмислена и осмислена од италијанскиот архитект Никола Салви во 18. век, прикажува статуа на богот Тритон и илустрација на темата за скротување на водата. Околу оваа фонтана е снимена една од најпознатите филмски сцени – од делото на режисерот Федерико Фелини, „Сладок живот“ (La Dolce Vita), каде што Анита Екберг и го кани Марчело Мастројани да ѝ се придружи…
Добротворната „Каритас“ од фонтаната во 2022 година собра 1,4 милиони евра. Податоците за лани сѐ уште не се објавени, но се очекува бројката да е поголема.
Легендата вели дека ако се фрли паричка во фонтаната со десната рака преку левото рамо, тој/таа повторно ќе се врати во Рим. Но, и накит, протези, разни верски предмети, па дури и папочна врвца се нашле во фонтаната, поради што, меѓу другото, таа се суши за чистење двапати месечно.
А, вадењето парички е занимлив настан, во којшто четворица комунални работници со посебен метод, со балансирање, долги лостови и цевки за вшмукување спроведуваат испумпување на водата. Монетите потоа се собираат и се предаваат на чистење, сушење, сортирање и броење. Фонтаната тој ден е затворена за посетителите.
Кога влезот кај фонтаната е забранет, а турист го прекрши ова правило, плаќа казна. Таблите околу фонтаната појаснуваат дека монетите се за добротворни цели и оти земањето од фонтаната е, исто така, казниво.